Тренерот на Ал-Наср го „обвини“ Роналдо за поразот во Суперкупот!

Кристијано Роналдо ја пропушти шансата да стигне до првиот трофеј во својот нов клуб, Ал-Наср, откако загуби со 3:1 од Ал-Итихад во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија.

Ал-Наср веќе 10 меча нема победа во дуелите со Ал-Итихад, а многумина веруваа дека со доаѓањето на Роналдо, тоа ќе се промени. Сепак, Ал-Итихад уште од самиот старт започна одлично и поведе со 1:0, а во 45 минута веќе беше 2:0. Неколку секунди пред Ал-Итихад да го постигне вториот гол, Роналдо имаше одлична шанса со глава, но не успеа да постигне погодок.

Тренерот на Ал-Наср, Французинот Руди Гарсија токму тоа промашување на Роналдо го смета за клучно на средбата.

„Еден од моментите кои го сменија текот на мечот беше промашувањето на Роналдо во првото полувреме“, рече Гарсија по поразот на Ал-Наср.

 

- Оглас -

Најнови вести