Роналдо ќе почека за првиот трофеј со Ал-Наср

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо ќе почека за да го освои првиот трофеј со новиот клуб Ал-Наср откако вечерва неговиот нов тим загуби во полуфиналето од саудискиот Суперкуп.

Ал-Наср во второто полуфинале е поразен од Ал-Итихад со 3:1, а Роналдо го одигра целиот натпревар за својот тим.

Ал-Итихад по првото полувреме имаше водство од 2:0 благодарение на головите на Ромарињо во 15-тата и на Хамдалах во 43-тата минута.

Во вториот дел, Ал-Наср намали преку Талиска во 67-мата минута, но точка на натпреварот стави Шанкети со голот во четвртата минута од судиското продолжение.
Ал-Итихад во финалето на саудискиот Суперкуп ќе игра против Ал-Фејха, која со 1:0 го совлада Ал-Хилал во првото полуфинале.

- Оглас -

Најнови вести