0.8 C
Skopje
среда, 31 декември 2025

Тренерот на Астон вила не се ракуваше со Артета по поразот: „Не гледам проблем во тоа“

Серијата на Астон вила од 11 победи по ред заврши на најболен можен начин, со убедлив пораз од 4-1 на гостувањето кај Арсенал. Лидерот на премиерлигашката табела ја оправда позицијата која ја има, но она што го привлече вниманието на британската јавност е фактот дека тренерот на Астон вила, Унаи Емери, не се ракуваше со Микел Артета по натпреварот.

„Многу е едноставно, се се гледа на снимката. Сакам со тоа да завршам брзо, да се ракувам и да одам во соблекувална со фудбалерите и стручниот штаб. Го чекав, но беше зафатен со своите помошници, па одлучив да си одам. Не гледам никаков проблем во тоа.“ – рече Емери по натпреварот.

Астон вила во пресрет на овој меч беше на третата позиција со само три бода останување од „топчиите“, но сега Арсенал се одлепи на плус шест.

- Оглас -

Најнови вести