Трите црвени картони, и двете исклучувања во последните две минути кои судиите Славе Николов и Ѓорѓи Начевски им ги поделија на ракометарите на Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите, предизвикаа доста реакции.
Фановите на Барса сметаат дека поразот од Магдебург е по заслуга на судиите, а тренерот Карлос Ортега беше поумерен во критиките кон нашите арбитри кои меѓу најдобрите, можеби и најдобри на светот.
„Можеби раниот црвен картон на Тијагус Петрус и повредата на Дика Мем доста нè погодија. Не зборувам за црвените картони, кои и тие можеа да ги добијат. Разликата во критериумот беше главно во контактите, не беше применета истата строгост од двете страни. Сакам мирно да го гледам натпреварот. Овие судии имаат многу искуство. Неколку пати протестирав, беа на работ да ми дадат жолт картон, но не го сторија тоа. Имаат многу искуство, знаат што прават. Мора да го гледаме натпреварот, и ако треба да протестираме, ќе протестираме. Тоа нема да помогне, но не можеме само да седиме и да не правиме ништо“, коментираше тренерот на Барса.