Бешикташ вечерва киксираше против Анкарагучу и одигра само 2-2, но остава прв на табелата во турската Суперлига и истанбулските црно-бели се фаворити за титулата. Но, една снимка од пред натпреварот стана хит на социјалните мрежи.
Тренерот Серген Јалчин беше вакциниран против коронавирусот, а неговото плашливо однесување и реакција ги насмеаја сите во просторијата и сите кои ја видоа снимката. Јалчин прашуваше: Што е ова?, и од страв испушташе болни крици, иако јасно е дека боцкањето во рака е помалку болна работа од фаулите кои тој ги трпеше додека беше фудбалер.
Погледнете колку беше исплашен Јалчин и како се однесуваше додека го вакцинираа:
https://twitter.com/i/status/1382688859067125763