Од утре се враќаат возбудувањата на клупски план во петте најсилни лиги во Европа. Еден од натпреварите кои ќе бидат во фокусот на вниманието е дуелот кој в сабота ќе се игра на „Алијанц арената“ во Минхен меѓу Баерн и Борусија Дортмунд.
Баерн и Борусија Дортмунд се единствените два тима без пораз сезонава во Бундеслигата. Баерн има максимални 18 бода од шест меча, додека Борусија е со 14 бода и е на второто место.
Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, вели дека дербито секогаш е возбудливо за играње и гледање, но признава дека Баерн Минхен доминира во Бундеслигата.
„Ние сме голем клуб, но Баерн е рекордер по титулите. Тие имаат топ играчи. Ние исто така имаме добри фудбалери, но Баерн е на друго ниво. Тоа го покажуваат и резултатите. Ние сме добри, но Баерн во моментов е најдобар. Затоа и е фаворит“, рече Ковач пред средбата за два дена.
Сепак, интересно е дека Баерн две години нема победа над Борусија. На последните три меча на овие два ривали, двапати беше нерешено (2:2 и 1:1), а еднаш Милионерите се радуваа на триумф, и тоа на гости со 0:2 во Минхен.
„Секој меч си има своја историја, секој дуел е посебен. Верувам дека ќе биде добар натпревар“, додава Ковач, кој е предводник на Борусија Дортмунд.