Тренерот на Борусија Дортмунд, Луцијан Февр, до крајот на сезоната ќе биде еден од најголемите навивачи на Фулам. Февр има чудна причина зошто треба да навива за англискиот тим. Стратегот воопшто не играл во обложувалница на Фулам, туку причината е сосема друга.
Швајцарскиот стратег не сака во Борусија да се врати Андре Ширле, кој е даден на позајмица во Фулам. Договорот е Ширле да остане во Фулам како позајмен играч до 2020 година, но има еден услов, а тој го откри самиот фудбалер кој го носи дресот на лондонскиот тим.
„Договорот ми е да играм за Фулам како позајмен играч, но доколку клубот испадне од Премиер лигата, тогаш ќе се вратам во Борусија Дортмунд. Има уште многу да се игра до крајот на сезоната и јас сум целосно сконцентриран за да помогнат тимот да се спаси од испаѓање“, изјави Ширле.
Како помош за спасување од испаѓање, Фулам пред два месеци го доведе и тренерот Клаудио Раниери, но засега работите не одат како што посакуваат. Фулам е на претпоследното, 19-то место на табелата само со 17 освоени бодови од 25 меча. Барнли, кој е на 17-тото место, кое носи спас од испаѓање, има седум бода повеќе од Фулам.