Арсенал минимално со 1:0 славеше на гостувањето кај Брајтон и Топчиите се зацврстија на врвот на табелата со седум бода пред Манчестер сити. Брајтон остана на 13-тото место на табелата со 37 бода, а нивниот тренер Фабијан Хурзелер беше разочаран од тоа како се однесуваа фудбалерите на Арсенал на теренот.
Според германскиот стратег кој е на чело на Брајтон, играчите на Арсенал премногу ја задржувале играта, не дозволиле да има динамика и дека едноставно гостите одиграле антифудбал.
„Горд сум на моите играчи. На теренот имаше само еден тим кој се обидуваше да игра фудбал. Искрено да ми кажете дали некогаш сте виделе голман трипати да биде опоменат затоа што ја задржува играта? Никогаш нема да бидам такoв тренер кој ќе се обидува на таков начин да стигне до победата. Сакам постојано на теренот да играме фудбал. Мислам дека треба да постои лимит за тоа колку може да се задржува и троши времето. Тој лимит треба да го постават челниците на Премиер лигата и од судиите на натпреварите“, револтирано коментираше предвоникот на Брајтон.
Брајтон во следното коло ќе гостува кај Сандерленд.

