Тренерот на Челзи најавува: По секоја цена мораме да го освоиме трофејот

Челзи и Бетис вечерва во Варшава ќе играат во борба за трофејот во Конференциската лига на УЕФА. Иако се работи за третото по вредност натпреварување во Европа, двете екипи се максимално подготвени и го посакуваат трофејот.

На хартија, фаворитската улога ја има англискиот тим, но тренерот на Челзи, Енцо Мареска, знае дека формалната улога на фаворит не му носи предност, туку неговите играчи треба на терен да покажат квалитет ако сакаат да стигнат до пехарот.

„Оваа сезона направивме нешто многу важно, а тоа е што успеавме да се пласираме во Лигата на шампионите. Тоа значи дека сме имале добра сезона во Премиер лигата и затоа сме среќни. Сепак, сега нѐ очекува еден поинаков меч, финале. Имавме напорна сезона, но ни останува уште еден меч на којшто треба да го докажеме нашиот квалитет. По секоја цена сакаме да го освоиме трофејот“, рече Мареска.

Доколку успее да победи, Челзи ќе ги комплетира сите трофеи од натпреварувањата на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести