17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Тренерот на Челзи откри како успеал да го победи ПСЖ (Видео)

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска беше презадоволен од победата во финалето на Светското клупско првенство. Лондонскиот тим со 3:0 го победи актуелниот европски владетел Пари Сен Жермен и тоа со погодоци дадени во првото полувреме.

По победата, Мареска откри дека Челзи уште во првите 10 минути од финалето покажал дека ќе победи.

„Немам зборови. Мислам дека финалето го добивме со играта во првите 10 минути. Поставивме наше темпо на игра. Не е лесно да се продолжи да се игра во текот на сите 90 минути, посебно против екипи како што е Пари Сен Жермен“, рече Мареска веднаш по победата во финалето на Светското клупско првенство

- Оглас -

Најнови вести