11.8 C
Skopje
вторник, 9 декември 2025

Тренерот на Динамо Букурешт е нов селектор на женската репрезентација на Македонија

Српскиот стратег Милош Гавриловиќ е нов селектор на женскиот сениорски национален тим на Македонија.

Актуелниот тренер на романскиот Динамо Букурешт е новиот избор на Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија. Договорот е на две години, со можност тој да биде продолжен.

Гавриловиќ, кој има 41 година, ја презеде функцијата откако ОФМ ја заврши соработката со Стефан Пауновиќ, кој ја водеше репрезентацијата во изминативе четири години.

„Ги следев настапите на Македонија во Европската лига и квалификациите за ЕП 2026 и мислам дека екипата има талент и потенцијал. Работата со млади играчи, односно тимови е предизвик за мене и верувам дека со добра работа и трпение можеме да стигнеме до резултати. Сакам кога и јас како тренер растам заедно со екипата. Моите обврски стартуваат веднаш, веќе ги следам настапите на дел од играчите и имам визија во која насока треба да биде работата со екипата. Планирам да дојдам и во Македонија за со новиот стручен штаб да имаме неколку состаноци и да ги дефинираме плановите и програмата во пресрет на првата акција во мај следната година. Се радувам на новиот предизвик“, изјави новиот селектор.

Во стручниот штаб ќе биде кондицискиот тренер од Романија, Рареш Стелијан Стоика, со кого соработува и во Динамо Букурешт.

На клупата на Македонија, Гавриловиќ официјално ќе дебитира следната година, кога репрезентацијата ќе се натпреварува во Европската лига 2026.

- Оглас -

Најнови вести