„Ние сме фаворити, но мора да го потврдиме и да го покажеме тоа не теренот“, вели тренерот на Хајдук, Хари Вукас, пред утрешниот меч со Ренова во Скопје во квалификациите за настап во Лигата на Европа.
„Имаме многу навивачи во Македонија и очекувам да ги израдуваме со победа. Подготвени сме да одиграме добро против добар тим. Очекувам да го наметнеме нашиот стил на игра од самиот почеток и да се пласираме понатаму“, изјави Вукас на стандардната прес-конференција.
Во редовите на Хајдук има тројца македонски играчи, но за гостувањето во Скопје во комбинација е само Јани Атанасов, нашиот младински репрезентативец.
„Мило ми е што ќе играм во Македонија. Нашата цел се знае, да победиме и да се пласираме во следната фаза. Се надевам дека ќе одиграме добар меч и дека ќе се вратиме победнички во Сплит“, изјави Атанасов.
Мечот се игра утре, од 15.30 часот, на комплексот на ФФМ, на теренот „Петар Милошевски“.