13.8 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

Тренерот на Јувентус вели дека ремито против Милан е најреален резултат

Јувентус останува само една од двете непоразени екипи во италијанската Серија А. Старата дама на свој терен одигра без голови против големиот ривал Милан. Гостите може да жалат што не победија, затоа што во вториот дел беше досуден пенал за Росонерите, но Пулишиќ промаши. Шутираше високо над голот.

Јувентус сега има 12 бодови (три победи и три нерешени без пораз), а тренерот Игор Тудор може да се каже дека е задоволен.

„Ова беше меч баш каков што очекувавме. Тежок, против опасен противник. Сакавме да победиме. Двата тима беа солидни, создаваа шанси, но мислам дека на крајот ремито е реален резултат. По репрезентативната пауза ќе се вратиме уште посилни. Мора да продолжиме да работиме. На добар пат сме“, рече Тудор по дуелот без голови против Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести