Тренерот на Квитова се разведе и сега е во врска со тенисерката

Чешките медиуми пишуваат за љубовен триаголник во кој е вклучена тенисерката Петра Квитова. Папараци ја фотографираа Петра со нејзиниот тренер Јиржи Ванек заедно пред куќата на Квитова и со тоа ги потврдија шпекулациите дека се во врска.

Квитова е 12 години помлада од нејзиниот тренер Ванек, кој работи со неа од 2016 година. Ванек дури и се разведе со сопругата Маркета, со која два сина кои се тинејџери (17 и 13 години), за да биде со Квитова.

Романтичната врска почнала кога Ванек останал неколку ноќи да спие во апартманот на Петра откако таа во декември 2016 година беше нападната со нож и повредена од еден вооружен крадец.

„Не е тајна дека Петра извесен период живееше со него по нападот. Како поминуваше времето, така тие се зближуваа и сфаќаа дека се еден за друг, а сега тајно живеат заедно“, изјави неименуван извор близок до тенисерката и нејзиниот тренер.

 

- Оглас -

Најнови вести