6.8 C
Skopje
недела, 8 февруари 2026

Тренерот на Манчестер смирува: Не треба „да го загубиме умот“, пред нас има уште многу работа

Манчестер јунајтед ја има најдобрата серија победи во последните две години. Во само 22 дена, Црвените ѓаволи се израдуваа четири пати по ред, нешто што се немаше случено од февруари 2024 година.

Благодарение на оваа одлична серија, Манчестер јунајтед сега е сигурен на четвртото место на табелата и ако вака продолжи, му се насмевнува враќање во Лига на шампиони за следната сезона.

Сепак, има уште многу да се игра, а тоа го знае и тренерот Мајкл Карик, кој откако дојде на местото на Рубен Аморим, донесе свежина и побендички дух во екипата.

„Сите четири натпревари на кои победивме беа малку поинакви. Не треба да го загубиме умот. Не седам и не размислувам: „Сè е одлично, се средивме“. Сè уште има многу работа пред нас и јас сум целосно свесен за тоа“, вели Карик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести