На четири кола до крајот на првенството во Италија, Милан е лидер на табелата. Росонерите имаат два бода повеќе од Интер, но Нераѕурите имаат меч помалку, па можно е градскиот ривал да ја превземе лидерската позиција.
Милан повеќе од една деценија чека да се израдува на титула во домашното првенство, а тренерот Стефано Пиоли е оптимист дека неговите избраници може да победат на сите средби до крајот на првенството. Доколку тоа се случи, а Интер барем еднаш киксира, скудетото ќе биде Црно-црвено.
„Мора да бидам задоволен од победата, но и од нашите навивачи кои ни даваа поддршка. Горд сум на фудбалерите кои одиграа одлично. Нашата цел е да победиме на сите мечеви до крајот на сезоната. Може и да не се случи тоа, но ние ќе се обидеме. Најважно е дека обезбедивме место во Лигата на шампиони. Минатата сезона во оваа етапа бевме многу послаби, што е показател дека напредуваме“, рече Пиоли.