Тренерот на Милан објасни зошто Ибра не се врати во игра откако промаши пенал

И кога не дава голови, Златан Ибрахимовиќ е во центарот на вниманието. Најдобриот фудбалер на Милан не се прослави во победата од 3:0 над Спарта Прага откако промаши пенал во првото полувреме, а потоа на полувремето беше заменет.

За Ибрахимовиќ ова е трет промашен пенал од последните пет што ги изведе, а во Топ 5 лигите во Европа нема ниту еден друг ваков лош реализатор на најстрогата казна. Тренерот на Росонерите, Стефано Пиоли, објасни зошто Ибрахимовиќ не играше во второто полувреме против Спарта.

„Измената со Рафаел од претходно беше најавена. Златан е шампион и ако го прашав дали сака да продолжи да игра и во второто полувреме, сигурно ќе останеше. Сепак, мора да ги чува силата и енергијата за следните дуели“, објасни Пиоли.

Инаку шутот од пенал на Ибрахимовиќ во дуелот против Спарта заврши во пречката и може да го погледнете ТУКА.

И без голгетерската помош на Ибра, Милан славеше со 3:0 и постави рекорд кој Росонерите го немале во последните 90 години.

- Оглас -

Најнови вести