Најтрофејниот италијански клуб Јувентус утревечер ќе гостува во Франција кај Нант, во реванш-дуел од осминафиналето на Лигата на Европа. Старата дама е голем фаворит за поминување во следната фаза, но првиот меч во Торино заврши 1:1, што значи дека во реваншот мора да има победник.
Тренерот на Нант, Антоан Комбуаре, вели дека би било големо изненадување ако неговиот тим успее да го елиминира Јувентус.
„Утре е голем меч, посебно за Јувентус, а не за нас. Така е затоа што ако Јувентус загуби од нас, тие ќе изгледаат смешно. Ние сме тим што се бориме за останување во Лига 1“, рече тренерот Комбуаре.