Менаџерот на Њукасл, Еди Хау заврши во болница, откако ненадејно му се влошила здравствената состојба. Поради тоа, Хау нема да го предводи тимот на следниот меч против Манчестер јунајтед.
Од тимот на Њукасл објавија дека 47-годишниот стратег е хоспитализиран во петокот вечерва, а медицинските лица постојано имале контрола на неговата состојба.
„Еди е ставен под контрола за дополнителни прегледи. Тој е свесен, комуникативен е, разговара со членови од семејството. Ние работиме на тоа да добие соодветна медицинска стручна помош“, стои во соопштението од Њукасл.
Од клубот ветија дека навремено ќе известуваат за здравствената состојба на тренерот. Во отсуство на Хау, предводници на Њукасл ќе бидат неговите помошници Џејсон Тиндел и Грем Џонс.
Хау е вистински херој на Њукасл. Тој е тренерот кој сезонава го одведе тимот до трофејот во Лига Купот, што е прв голем трофеј во последните 20 години. Во финалето на „Вембли“, Њукасл со 2:1 го победи Ливерпул.