Тренерот на Рајо призна: Можеше да биде досуден и пенал за Реал Мадрид (видео)

Реал Мадрид пропушти шанса да се искачи на врвот од табелата во шпанското првенство откако одигра само 3:3 на гостувањето кај Рајо Валјекано. Реал губеше со 2:0, потоа водеше со 3:2, па на крајот заврши нерешено.

При резултат 3:3, во шеснаесетникот на Хетафе се случи еден спорен момент, а главниот судија Хуан Мартинез Мунуере реши дека нема пенал за Реал Мадрид. Се играше 76 минута кога Винисиус јуниор беше фаулиран во шеснаесетникот на домаќините, но пенал немаше.

Очигледно е дека домашниот фудбалер Мунин го удира Винисиус по ногата, но во близина е и Белингам, кој истотака стартува и според покажаната снимка, прв го удира соиграчот Винисиус.

„Беше очигледен пенал за Винисиус. Тоа е многу јасно“, рече тренерот на Реал, Карло Анчелоти по мечот. Шпанскиот стратег додаде дека и минатата сезона неговиот тим не победил на гостувањето кај Рајо, па на крајот бил шампион на Шпанија.

Интересно е дека и тренерот на Рајо, Иниго Перес мисли дека во таа ситуација можело да биде досуден пенал за Реал.

„Не сакам да лажам и мислам дека Мунин го удри Винисиус. Секогаш се обидувам да бидам искрен и кога ја видов таа ситуација реков дека може да биде и пенал. Тоа се деликатни работи кои внимателно треба да се проверат во ВАР собата“, рече Перес по мечот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести