Тренерот на тимот на Леброн е незадоволен од олстар-натпреварот: Ова е нешто најлошо во историјата на кошарката (Видео)

Тренерот на Денвер нагетс, Мајл Мелоун, кој ја имаше честа да го води тимот на Леброн Џејмс на олстар-натпреварот во НБА-лигата, изјави дека е разочаран од играта.

„Чест е да се биде дел од олстар-викендот заедно со сите големи кошаркари, но ова е најлошиот кошаркарски натпревар во историјата“, изјави Мелоун.

Натпреварот на сите ѕвезди им нуди забава на гледачите, одбрани речиси и да не постојат, туку во фокусот се спектакуларните потези, како забивањата или шутевите од голема далечина.

„Не знам дали може нешто да се поправи. Мора да им оддадам признание на Џоел Ембид и Кајри Ирвинг, кои навистина се обидоа да играат и во одбрана. Но, нема да ве лажам, ова е шоу за навивачите и тешко ми беше да го издржам целиот натпревар“, рече Мелоун на прес-конференцијата по мечот.

- Оглас -

Најнови вести