Тренерот на тимот што изгуби 13:0 од Ајакс не се потресе многу: Па никој не умре

Ајакс испиша историја откако со неверојатни 13:0 славеше на гостувањето кај Венло, во меч од холандското првенство. Овој резултат ќе се памти затоа што е највисока победа во холандското првенство, надминувајќи го досегашниот рекорд на Ајакс од 1972 година кога Копјаниците предводени од Кројф и Нескенс победија со 12-1 против Витесе. 

По неверојатните 13:0, се огласи и тренерот на Венло, Ханс де Конинг, кој застана во одбрана на своите играчи и порача дека вакви работи понекогаш се случуваат во фудбалот.

„Имавме очаен ден против Ајакс и затоа примивме 13 гола. Што и да кажам ќе биде навистина неважно. На полувремето губевме со 4:0, а останавме и со играч помалку, па таботите тргнаа низ брдо. Сепак, на крајот никој не умре. Ова е фудбал и загубивме. Веќе в вторник играме нареден меч и мора што е можно побрзо да се фокусираме. Веќе го заборавивме поразот и размислуваме за следните мечеви во сезоната“, вели тренерот на Венло, Де Конинг.

 

- Оглас -

Најнови вести