Ајакс постави холандски рекорд, жртва на газењето е Венло

Ласина Траоре кој има 19 години, со дури пет гола и три асистенции беше главна ѕвезда на историскиот натпревар од холандската лига на кој Ајакс како гостин го прегази, растури, понижи Венло со 13-0.

Ова е највисока победа во историјата на Ередивизија, урнат е стариот рекорд на Ајакс од 1972 година кога Копјаниците предводени од Кројф и Нескенс победија со 12-1 против Витесе.

Ајакс во својата богата клупска историја имал победа и од 14-0, во меч од европските купови против луксембуршки Ред бој Диферданж во 1984 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести