Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас синоќа го постигна својот прв гол за Торино во поразот од 2-3 против Болоња.
Елмас влезе во игра во 62. минута од натпреварот и му беа потребни само три минути за да ја затресе мрежата на ривалот на спектакуларен начин.
Tренерот на Торино, Паоло Ваноли, изјави дека е задоволен од неговиот настап.
„Несреќно го загубивме натпреварот. Елмас ни дава дополнителен квалитет. Тој е одличен фудбалер и веќе го покажа тоа во Наполи, ќе ни биде од голема помош во претстојниот период“, изјави Ваноли.
Торино, по 25 одиграни натпревари, се наоѓа на 11-то место во Серија А со 28 освоени бодови.