Тренерот на Ѕвезда и по 0-2 против Партизан цврсто верува дека неговиот тим ќе ја освои АБА-лигата!

По првиот пораз на неговата Црвена ѕвезда од Партизан во финалето на АБА-лигата, тренерот Душко Ивановиќ рече дека сега е сигурен дека може да го победат ривалот, а и по 0-2 во серијата која се игра до три победи, го има истото чувство како по првиот дуел.

„Честитки до Партизан, многу добро го искористија домашниот терен и водат со 2-0. Имавме шанса, но им ја подаривме победата со некои утки и со падот во одбраната во второто полувреме. Сега се игра на наш терен и тоа не менува ништо. Не се менува ни нашето чувство и шансите да ја освоиме АБА-лигата. Ни фалеше само добра завршница на акциите и концентрација во финишот, заборавивме дека мечот трае 40 минути. Им верувам на играчите и знам дека може да го победиме Партизан, искрено го мислам тоа“, изјави црногорскиот стручњак.

- Оглас -

Најнови вести