Тренерот на францускиот првак Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие ја откри победничката тактика што ја споделил со играчите на полувремето на дуелот со Тулуз.
По 45 минути беше нерешено 1:1, а концептот на Галтие се покажа како успешен, па на крајот фаворитот победи со 2:1.
„Им кажав на фудбалерите да играат за Меси, да му помагаат повеќе и дека само така ќе победиме. За среќа испадна дека сум во право“, рече Галтие по мечот.
Меси беше стрелец на победничкиот гол во 58. минута, акцијата беше тимска и прекрасна, а погодокот е во негов стил, фантастичен.
https://twitter.com/KushagraPSG/status/1621973459558625280?s=20&t=Y3nkwkwpQxi2sYQ5uWZdDA
ПСЖ е лидер во Франција со 54 бода, 8 повеќе од Марсеј и 9 од Ленс, но одигра меч повеќе од конкурентите за титулата.