Тренерот со кој МЗТ реди само победи најави: Во последното коло ќе биде полна сала во Скопје

Васко Атанасов беше тренерот кој го предводеше МЗТ Скопје Аеродром до првата победа сезонава на гостински терен во АБА лигата. Атанасов кој е помошник на Драган Николиќ, ја превзема одговорноста да биде главен, откако Николиќ поради коронавирусот не можеше да патува во Сплит.

„Ви благодарам на гостопримството. Честитки за кошаркарите на Сплит, но најголеми честитки за мојата екипа и мојот стручен штаб. Знаевме колку е важен овој меч за нас, да се одржиме во живот. Одигравме добар меч. Ова ни е прва победа на гости и можеби најбитен триумф сезонава. Го контролиравме мечот речиси 33 минути и сите пофални зборови за моите играчи. Во последното коло во Скопје ќе биде полна сала. Цела сезона ни зависи од тој меч. Сепак сме доведени во позиција да зависими е и од други резултати и се надеваме на најдобар можен исход до нашиот последен меч против Цибона“, рече Атанасов, кој сезонава беше прв тренер и на дуелите против Пелистер во Битола и против Кожуф во Аеродром, а МЗТ секогаш кога тој е предводник од клупата, на крајот победува.

- Оглас -

Најнови вести