МЗТ Скопје Аеродром е „жив“: Во последното гостување, прва победа за македонскиот првак и остануваат шансите да опстане во АБА лигата!

МЗТ Скопје Аеродром славеше на гости кај Сплит со 77:74 во 25. коло од АБА лига и со тоа ги задржа шансите да се спаси од испаѓање во регионалното натпреварување. За македонскиот првак ова е прва победа на гостински терен и тоа во последното 13-то гостување сезонава. Со оваа победа, аеродромци остануваат со реални шанси да се спасат од испањање.

Уште од самиот старт, кошаркарите на Васко Атанасов (помошникот тренер кој го водеше клубот поради болест на Драган Николиќ), покажаа дека се решени конечно да победат на едно гостување и започнаа со серија од 8:0 и предноста ја одржуваа до 17:15, кога Сплит со низа од 7:0 стигна до предност од 22:17. Домаќините водеа со 27:25 во втората четвртина, а потоа следуваше одличен период за МЗТ.

Македонскиот првак со серија од 10:0 стигнаа до водство од 35:27, а предноста од осум поени ја задржаа и на полувреме (39:31). Во третата четвртина МЗТ прв пат поведе и со двоцифрена предност (49:39), но домаќините не се предадоа. Со серија од 14:5, Сплит дојде само на еден поен заостанување (53:54), но не успеаа да го превземат водството.

Во последната четвртина беше неизвесно, иако МЗТ со добра ирга во првите неколку минути од решавачката четвртина стигнаа до 72:60, што беше и најголема предност. Беше и 74:63, но наместо да следи мирна завршница, Сплит со серија од 8:0 стигна до 71:74 на една минута до крајот, кога Кефи погоди тројка на 54 секунди до крајот и ги реши сите дилми околу победникот.

Браќата Војдан и Дамјан Стојановски беа предводници на МЗТ. Војдан заврши со 16 поени, а Дамјан имаше 13 поени. Со двоцифрен број поени беа и Бурсаќ (12 поени) и Кефи (10 поени).

До крајот на првенството, МЗТ во последното коло игра на домашен терен против Цибона и мора да брка победа, а секако мора да чека и два порази до крајот на Борац Чачак. Ако се знае дека Борац дома игра против Црвена ѕвезда, а потоа на крајот и на гости кај Будуќност, тешко е да се очекува тимот од Чачак да слави на еден од овие две средби.

- Оглас -

Најнови вести