Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Туел откри дека Нејмар конечно ќе се врати во составот на Пари Сен Жермен и ќе биде дел од тренинзите на тимот. Бразилецот повеќе од една недела одбива да тренира со екипата и бара да биде продаден во Барселона, но засега тоа е невозможно. Затоа, планот на Светците е дека Нејмар ќе мора да се врати во екипата со која има активен договор и да почне со подготовки за новата сезона.
Тренерот Тухел најавува дека Нејмар ќе се приклучи на клубот на турнејата во Кина и на 27 јули Бразилецот ќе биде во составот за дуелот против Интер.
„Ќе биде со нас во авионот за Кина. Утре ќе започне со тренинзите и ќе биде дел од остатокот од тимот. Денеска ги помина дополнителните тестови, а намерно не му дававме да се приклучи на екиптата, затоа што сакавме да му дадеме една недела пауза во која ќе може оптимално да ја подготови физичката подготвеност. Секако дека јас сакам Нејмар да остане во тимот и во новата сезона. Тој е наш играч и затоа сум спокоен“, рече Тухел по синоќешниот дуел на ПСЖ против германскиот второлигаш Нирнберг.
Францускиот првак одигра неубедлив меч против Нирнберг, кој на крајот заврши 1:1. Извештајот од тој меч може да го погледнете тука.