Нов блескав потег на Мбапе, ПСЖ потфрли со Нирнберг (Видео)

Килијан Мбапе блеска пред почетокот на новата сезона, а со нов мајсторски потег беше најзаслужен за голот на новиот играч на ПСЖ Пабло Сарабија.

Офанзивецот на ПСЖ си поигра со одбраната на Нирнберг на пријателскиот меч, а потоа како на тацна го послужи Сарабија, кој го постигна деби голот во дресот на францускиот првак.

Но, тоа не беше доволно за победа, бидејќи Валентини од пенал израмни на 1:1 во контролниот натпревар на двата состави пред почетокот на новата сезона.

Потегот на Мбапе можете да го погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести