Трент Александер-Арнолд сака да го купи осумкратниот француски првак Нант

Десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, има намера да стане сопственик на елитниот француски клуб Нант, тврди „Л’Екип“.

Според информациите, англискиот репрезентативец ќе се обиде да го купи осумкратниот шампион на Франција со помош на неговиот татко Мајкл Арнолд, кој ги управува финансиските интереси на фудбалерот. За ова ќе им помогне инвестициска компанија од Лондон. Првично, дефанзивецот на Ливерпул се интересирал за купување на Сент Етјен и на Ле Авр, но на крајот одлучил да инвестира во Нант.

Во моментот сопственик на клубот е францускиот бизнисмен Валдемар Кита, кој го води од 2007 година, но не е многу популарен меѓу навивачите на тимот. Неуспехот да изгради нов стадион кој ќе му припаѓа на Нант, како и споровите околу телевизиските права за Лига 1, придонеле за неговата подготвеност да го продаде клубот.

Во текот на летото, Кита имал видеоразговор со семејството Арнолд, а последниве денови двете страни имале средби во Женева и во Лондон. Се смета дека понудата на Англичаните е 100 милиони евра – директна сума од 80 милиони и дополнителни 20 милиони како кредит, како и разни бонуси до 40 милиони евра.

Во меѓувреме, од Нант негираат дека постојат преговори меѓу двете страни.

- Оглас -

Најнови вести