Десниот бек на Реал Мадрид, Трент Александер-Арнолд, беше среќен што го елиминирале клубот со кој тој и во дресот на Ливерпул водеше тешки битки во Премиер лигата и многу често ги губеше.
„Сите се боревме, добро се браневме, на двата меча заслуживме да одиме понатаму. Убаво е да се победи Манчестер сити, тие на мене и на Ливерпул ни грабнаа многу трофеи и медали. Секогаш е тешко против нив“, рече Трент кој се надева дека в четврток повторно ќе биде повикан во англиската репрезентација.

