Новодојденецот на Реал Мадрид, англискиот десен бек Трент Александар-Арнолд, кажа пофални зборови за крилниот напаѓач Винисиус.
Бразилецот имаше гол и асистенција на натпреварот против Салцбург (3-0) во третото коло од групната фаза на Светското клупско првенство, а Трент рече дека е среќен што веќе не мора да го чува Винисиус.
„Во минатото, Вини ми предизвикуваше многу проблеми. Добро е што сега тоа им се случува на други играчи, а не на мене!“, рече Трент кој како играч на Ливерпул, пет пати имаше дуели со Винисиус и не си помина добро, ниту еднаш не победи.