Фудбалерите на Манчестер јунајтед го совладаа Брајтон на „Олд Трафорд“ со 4-2 во деветтото коло од Премиер лигата. Тоа е трета последовна победа за тимот на Рубен Аморим.
По триумфите над Сандерленд и Ливерпул, вечерва падна и Брајтон на „Театарот на соништата“.
Првиот гол за Јунајтед го постигна Матеус Куња во 24-тата минута по асистенција на Касемиро, кој потоа и самиот беше стрелец во 34-та минута со малку среќа.
Брајан Мбеумо го заокружи водството на тимот по еден час игра, по додавањето на Бењамин Шешко, кој претходно исто така имаше впечатлива шанса.
Сепак, Манчестер јунајтед покажа и слабости, бидејќи Брајтон успеа да се врати во игра со головите на Дани Велбек во 74-та минута и Харлампос Костулас во втората минута од судиското продолжение, но драма немаше бидејќи Брајан Мбеумо постигна нов гол и ги постави конечните 4-2.

