Трет ден по ред ќе има пенали на „Вембли“?

1024 Барнсли – Шефилд в. (16.00 часот)

Ова е трет финален меч на „Вембли“ по ред. Вчера и завчера за победникот решаваа пенали, а и денеска нема да биде чудно ако по 90 минути нема победник, п ќе се играат и 120 минути. Барнсли и Шефилд вензди разигруваат за влез во англискиот Чемпионшип. Во лигашкиот дел, Шефилд имаше десет бода повеќе од Барнсли, но тоа не мора ништо да значи, особено што Барнсли ги доби двата меѓусебни дуела сезонава против Шефилд, и тоа со по два гола разлика, 2-0 и 4-2.

Предлог тип: ГГ (1.81)

 

2503 Бодо/Глимт – Викинг (17.00 часот)

Бодо моќно ја стартуваше сезоната, има седум победи и едно реми во првите осум кола во норвешката лига. Викинг е втор на табелата со осум бода помалку, но и еден меч помалку. Викинзите имаат еден пораз, во првото коло од Розенборг. На 18 март во Купот, Бодо го победи Викинг со 5-3, а есеноска нивниот лигашки меѓусебен дуел во Бодо заврши со 5-4.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.80)

 

2805 Брондби – Нордсјиланд (18.00 часот)

Ова е претпоследно коло во данскиот плејоф, а Нордсјиланд се бори за титула, има само еден бод помалку од Копенхаген, па само со победа може да остане во трка со лидерот. Брондби е шести, последен, и нема многу мотиви од резултатски аспект. Нордсјиланд победуваше на претходните две гостувања кај Брондби, но сезонава имаат проблем на гостувањата, во лигашки меч не победиле на гости уште од октомври.

Предлог тип: 2 (2.02)

 

2610 Хакен – Гетеборг (19.10 часот)

Домашните се фаворити иако играат променливо во последно време. Гетеборг во девет кола освои само седум бода, но сите во последните пет кола во коишто имаа една победа и четири ремија. Хакен на десет меча има само еден нерешен резултат, а тој се најефикасен тим во шведската лига. Гетеборг во минатата сезона победи на гостувањето кај Хакен, но сега би било чудо ако се повтори тоа.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.18)

 

3011 Судтирол – Бари (20.30 часот)

Ова е прв меч од полуфиналето на плејофот во италијанската Серија Б, реваншот е на 2 јуни во Бари, па може да има и малку тактизирање од страна на гостите. Бари беше трет, а Судтирол шести во лигашкиот дел од сезоната, па тимот од југот е мал фаворит во двомечот, но не и денеска, кога игра на гости. На 10 април Бари победи во Болцано со 1-0, а есеноска во Бари беше 2-2.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.21)

- Оглас -

Најнови вести