21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Третиот најскап фудбалер во историја прави трансфер во Катар

Третиот најскап фудбалер во историјата, Филипе Кутињо, кариерата ќе ја продолжи во Катар. Тој веќе ги има договорено личните услови со Ал-Духаил и останува само уште да се договори висината на обесштетувањето со Астон вила.

Тој во 2018 година направи трансфер од Ливерпул во Барселона вреден 135 милиони евра, што сè уште е трета најголема сума по трансферите на Нејмар и Мбапе во ПСЖ.

Сепак, Кутињо не ги оправда вложените средства и беше испраќан на позајмици во Баерн Минхен и Астон вила, а потоа неговиот договор беше откупен од премиерлигашот само за 20 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести