Новата сезона во НБА-лигата тргна во полна пареа и веднаш со возбудувања, но Ламело Бол нема по добро да го памети своето официјално деби.
Третиот овосезонски пик на драфтот, Ламело Бол, во својот прв официјален натпревар за Шарлот не успеа да реализира ниту еден поен за 16 минути поминати на паркетот. Бол шутираше 0/5 од игра, од кои три обиди му беа за тројка. Позитивна статистика му се трите асистенции, две украдени топки и еден скок, меѓутоа трипати згреши и направи два прекршока.
Првпат од 2013 година се случува топ-3 пик да дебитира без ниту еден поен, откако пред Бол тоа го направи Ото Портер џуниор за Вашингтон визардс. Во ова неславно друштво уште се Хашим Табит во дебито за Мемфис во 2009 година, како и Грег Оден за Портланд во 2008 година.
Tough NBA debut for LaMelo Ball
0 PTS
0/5 FG
0/3 3PT
3 AST
3 TO
2 STL
In 16 MINS— Ballislife.com (@Ballislife) December 24, 2020