Шпанските медиуми објавија дека по завршувањето на натпреварот Атлетико Мадрид – Манчестер сити тензиите и понатаму се големи и дека националната полиција интервенирала за да спречи тепачка во тунелот кој води кон соблекувалните.
Иако нема точни информации што се случува таму, бидејќи полицијата го блокирала пристапот, дефинитивно имало „нешто“.
Фаулот на Фелипе над Фил Фоден во финишот на средбата предизвика инцидент на терен, голема мешаница по која само Фелипе беше исклучен, а само што заврши мечот, тренерот Диего Симеоне сакаше да се пресмета со Фоден.