Вечерва во кошаркарската НБА лига се играат четири натпревари од плејоф серии во кои тимови водат со по 2-1 во победи, па овие четврти дуели може да бидат клучни бидејќи враќањето посе 1-3 е многу тешко и затоа целта на оние што се во негатива е да израмнат на 2-2.
Детроит и Њујорк одиграа три интересни мечеви, нема зошто да не биде така и вечерва. Никс има предност, па на потег е Пистонс кој е фаворит за победа според квотите во Sport Life.
На домашен терен мора да победат и Орландо против Бостон и Милвоки против Индијана, за да не се најдат во негатива од 1-3. Квотите велат дека сепак Орландо ќе има тешка задача, на тој меч фаворити се гостите од Бостон.
Гостин кој е речиси притиснат до ѕид е ЛА Лејкерс кој вечерва ако победи во Минеаполис би ја вратил домашната предност, но ако загуби, ќе биде ептен тешко да се пласираат во следното коло од разигрувањето.
Во Sport Life има огромен број игри за мечеите, а тука е и понудата за поени, асистенции, скокови и погодени тројки на индивидуалци.