Три маскирани лица вечерва го нападнале претседателот на ФФМ!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, вечерва бил физички нападнат од три маскирани напаѓачи на паркингот пред ресторанот „Балканика“ во Скопје.

Сејдини заедно со уште еден придружник биле во ресторанот, а по завршувањето на состанокот биле нападнати од маскирани лица, по што напаѓачите побегнале кон реката Вардар.

Првиот човек на ФФМ, во полициската станица во Карпош дал исказ, а за телевизијата „Клан“ откри дека напаѓачите биле тројца и поминал само со полесни повреди, и побара надлежните да го расветлат случајот.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) во утрешниот билтен се очекуваат подетални информации за случајот.

 

- Оглас -

Најнови вести