Три селекции се пласираа во осминафиналето „без игра“

Синоќешните резултати од Б групата на Европското првенство потврди уште три сигурни учесници во следната фаза. Иако воопшто не беа на терен и не играа, од синоќа јасно е дека во нокаут системот се вклучија и селекциите на Франција, Холандија и Англија.

Сите три европски гиганти имаат по четири бода и со тоа во било која комбинација до крајот на групната фаза, ќе бидат меѓу најдобрите 16 на Стариот континент. Франција, Холандија и Англија ќе играат вечерва и секако тоа ќе бидат значајни дуели за одредување на финалниот распоред во Ц и Д групите.

Франција ќе игра против елиминираната Полска, Холандија на мегдан ќе излезе против Австрија, а Англија ќе се пресмета против Словенија.

- Оглас -

Најнови вести