Пет натпревари од НБА-лигата нуди Полноќниот експрес, а три од нив се зицери, барем ако може да им се верува на квотите.
Милвоки бакс се огромни фаворити на домашен терен против Њу Орлеанс пеликанс, а треба да слават лесно и Атланта хоукс на гости и Индијана пејсерс на домашен терен. Сепак, јасна е девизата дека „во НБА ништо не е сигурно“.

Покрај стандардните квоти, во Полноќниот експрес се подготвени и квотите за 40-мина кошаркари за омилената игра „плус/минус поени“.

