Трибините остануваат празни барем уште една недела, Владата ја дообјасни вчерашната одлука

Веста дека се воведува олабавување на некои од рестриктивните мерки и дека се дозволува организирање настани со задоволство беше примена кај љубителите на спортот, кои помислија дека ќе може да се вратат на трибините, но денеска од Владата дојде дообјаснување и на спортските натпревари сепак не може да има публика, барем не до 18 мај.

Одлуката важи само за културни, научни и забавни настани согласно протоколите, а спортските натпревари не се во таа категорија.

„Со одлука на Владата од денешната седница, престанува да важи и наредната мерка со која се забранува користење годишни одмори, платени и неплатени отсуства од сите вработени лица во здравствениот сектор, односно се дозволува нивно користење, согласно планот на раководителот на институцијата без да се наруши нормалното и тековно функционирање на системот на работа во здравствените установи.

Како дел од овие мерки е и одлуката дека сите настани и други слични јавни активности (културни, научни и забавни) може да продолжат да се одржуваат согласно наменските протоколи до 30% исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50% исполнетост на отворените простори. Спортските настани и понатаму се организираат без физичко на присуство на публика“, стои во соопштението на Владата.

- Оглас -

Најнови вести