Тричко се израмни со Лацио – Бугарите грмат: Македонецот го понижи Левски

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски сам го растури Левски во Софија, а по покерот голови на капитенот на АЕК Ларнака, бугарските медиуми пишуваат дека досега против нивниот гигант ниту еден играч не одиграл ваков меч.

„Македонецот сам го растури Левски, а четири гола не му дал никој на нашиот тим во Софија. Ова е бламажа“, пишуваат новинарите на „Спортал.бг“.

И потсетуваат дека само Лацио во овој милениум успеал да го елиминира Левски со вкупен резултат од 7:0, како што тоа сега го стори АЕК Ларнака.

Тричковски играше симултанка во главниот град на Бугарија и постигна по два гола во двете полувремиња. Почна во осмата минута од пенал, потоа беше прецизен во 29. минута, а продолжи во 75. и 82. минута. Подвиг за почит, што го истакнаа и бугарскиот медиуми. 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести