Каков мајстор е Тричковски – Софија му аплаудираше на четрикратниот стрелец (Видео)

Иван Тричковски одржа голем час по фудбал во Софија и со 4 гола сам го декласира Левски во реванш квалификациски меч за настап во Европа Лигата.

https://www.youtube.com/watch?v=IKMs2fWtAdc

Почна со гол од пенал во 8. минута, продолжи со прекрасен волеј во 29. минута, а потоа постигна уште два гола во второто полувреме.

https://www.youtube.com/watch?v=e3D7irNq4ys

Симултанката на „Ѓорѓи Аспарухов“ на капитенот на АЕК Ларнака продолжи со нов прекрасен прецизен удар во 75. минута, а шоуто на македонскиот репрезентативец заврши во 82. минута.

На крајот од мечот Тричковски доби заслужени аплаузи од навивачите на Левски, клуб кој досега не примил четири гола од сит играч на европски меч.

АЕК со вкупен резултат од 7:0 се пласираше понатаму во квалификациите за настап во Европа Лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести