Олимпијакос Никозија предводен од македонскиот стратег Чедомир Јаневски славеше со пресврт од 2-1 против АЕК Ларнака во плејоф-дуелот во кипарското првенство.
Македонските репрезентативци Иван Тричковски и Стефан Спировски го претрпеа 14-тиот пораз сезонава, иако по 11 минути игра нивниот тим водеше со 1-0 благодарение на голот од пенал на Тричковски.
Само за седум минути во второто полувреме, Олимпијакос го сврте резултатот на 2-1 преку Закариу и Сантана.