Иван Тричковски со гол го отвори дербито на кипарското првенство, само 4 минути му требаа да ја затресе мрежата на екипата на Аполон, тим кој имаше четири победи во првите четири кола. АЕК Ларнака чиј капитен е Тричковски, по првото полувреме води со 2-0. Ако АЕК победи, ќе остане единствен непоразен тим сезонава во кипарската лига.
За Тричковски, вечерашниот гол е петти сезонава. Тој на сите пет меча досега, даде по еден погодок. АЕК има дадено седум гола сезонава, пет се дело на нашиот поранешен репрезентативец, кој после ЕВРО 2020, се повлече од националниот тим.