Француските репрезентативци се разочарани по поразот во финалето на Светското првенство во Катар и не сакале дочек во Париз, што веќе беше подготвен за денеска по 18 часот.
Француската државна агенција АФП објави дека Килијан Мбапе и неговите соиграчи по пристигнувањето во земјата само сакале што побрзо да си заминат во нивните домови, па и двата плана за дочек на вицешапионите пропаднаа.
Ќе нема никаква церемонија, а првичниот план беше да се организира парада на Шанзелизе, тоа отпадна веднаш по поразот во финалето од Аргентина.
Планот Б беше да има куса церемонија на познатиот плоштад „Конкорд“, но и таа варијанта отпадна, па ќе нема никаква свечена церемонија во чест на финалистот на Мундијалот во Катар.