Трите водечки екипи во Евролигата би требало да победат вечерва

Пет натпревари се играат вечерва во кошаркарската Евролига, а на четири од нив има јасни фаворити.

Реал Мадрид, Виртус Болоња и Барселона кои се три водечки екипи на табелата, играат дома и би требало да извојуваат победи.

Лидерот Реал кој завчера беше поразен од Барса, го пречекува Анадолу Ефес против кој есеноска победи убедливо во Истанбул.

Виртус е единствениот гостински тим кој е фаворит вечерва. Болоњезите гостуваат во Берлин кај Алба која е претпоследна со само три победи сезонава.

Каталонците повторно имаат шпанско дерби, овојпат против Баскијците од Виторија. Пред неполни два месеци, Басконија како домаќин ја разби Барса до 23 поени разлика, сега Барса е домаќин и со право се надева на реванш.

Најнеизвесно треба да биде во Валенсија каде гостува Панатинаикос, а Милано е фаворит против Баерн, но не би било чудо ако слават гостите.

Во понудата на Sport Life се и дури 50 кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат. Има и 25 играчи за кои треба да погодите колку скокови ќе имаат и 22 играчи за број на асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести