Во терминот од 15:30 часот се одиграа пет натпревари од третото коло во германската Бундеслига, кои донесоа многу возбудувања, пресврти и голови.
Милионерите привремено избија на врвот на табелата со седум бодови откако го победија Хајденхајм со 0-2. Домаќините уште во 22-та минута останаа со играч помалку поради директен црвен картон за Зивзивѕадзе. Дортмунд тоа максимално го искористи – во 34. минута Серху Гираси погоди со глава по асистенција на Рајерсон. Вториот гол падна во шестата минута од судиското продолжение на првото полувреме, кога Адeјеми одлично асистираше до Бајер, кој рутински реализираше за 0-2.
Фрајбург го победи Штутгарт со 3-1 во ден од највозбудливите натпревари. Гостите поведоа преку Демировиќ во 20-тата минута. Сепак, Фрајбург со фантастичен финиш направи целосен пресврт. Матановиќ во 81-та минута израмни со прекрасен погодок, Шернант во 86-тата донесе водство, а во 91-та минута повторно Матановиќ од пенал ги постави конечните 3-1.
Лајпциг славеше со минимални 0-1 на гости кај Келкн, а Хофенхајм со 2-4 го победи Унион Берлин.
Спектакл и вистинска драма во Волфсбург каде мечот заврши 3-3. Валдшмит уште во петтата минута донесе водство за Келн, а домаќините со головите на Амура и Ловро Мајер направија пресврт. Јоханесон израмни во 91-та минута, но во 99-тата Арнолд погоди за 3-2 и се чинеше дека победата е сигурна. Сепак, Камински во 104-та минута реализираше за 3-3 и му донесе голем бод на Келн.